Semejno nasilstvo (makedonski)
Vrsta: Seminarski I Broj strana: 12
Sodržina:
1. Voved
2. Posledici od semejno nasilstvo
3. Merki za zaŠtita
4.Zaklučok
1.Voved
Што е семејно насилство?
( dефиниција за семејно насилство Закон за
семејство на РМ)
Под семејно насилство се смета однесување на
член на семејството кој со примена на сила, закана и заплашување врши телесни
повреди, емоционална или сексуална злоупотреба и материјално, сексуално или
работно искористување на друг член на семејството.
Како семејно насилство се смета однесување
сторено:
од едниот брачен другар врз другот брачен
другар, кои живеат или живееле во брачна или вонбрачна заедница или во кој било
вид на заедница како семејство или ако имаат заедничко дете;
меѓу браќа и сестри, полубраќа и полусестри;
над дете;
над постари членови на семејството и
над лица-членови на семејството чија деловна
способност е делумно или целосно одземена.
(дефиниција за семејно насилство КЗ на РМ,
чл.122 ст.17)
Под семејно насилство се подразбира
малтретирање, грубо навредување, загрозување на сигурноста, телесно
повредување, полово или друго психичко или физичко насилство со кое се
предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв спрема брачен
другар, родители или деца или други лица што живеат во брачна или вонбрачна
заедница или заедничко домаќинство, како и спрема поранешен брачен другар или
лица што се наоѓаат во блиски лични односи.
Семејното насилство се одредува како збир на
однесувања со цел да се воспостави контрола над другите преку примена на сила,
застрашување и манипулирање. Таквото одредување се однесува на најчестите
облици на насилство во семејството: телесно злоставување, емоционално
злоставување, сексуално злоставување и материјално/работно искористување.
Семејното насилство секогаш претпоставува
злоупотреба на моќ во релации кои се темелат на нееднаквост.
Тоа не е нова појава и веројатно постои
одсекогаш. Клиничките искуства и емпириските истражувања укажуваат дека,
семејството како темелна единица на општеството не е само поддржувачко окружување
кое овозможува емоционална, социјална и материјална поддршка на нејзините
членови, туку може да биде и насилно опкружување во кое најбрутално се кршат
темелните човечки права.
Со истражувањата се утврдени неколку неспорни
факти:
Поединецот може да биде изложен на насилство во
семејството во текот на целиот свој живот, од детството до длабока старост.
Најчести жртви на семејно насилство се жените, децата и старите лица
Насилството во семејството вклучува широк опсег
на загрозувачки однесувања кои еден член од семејството ги користи за да
воспостави моќ и контрола над друг член во семејството или да задоволи некои
свои потреби на сметка на другиот. Затоа, во секој поединечен случај
насилството претставува кршење на темелните човекови права.
Последиците од изложеноста на насилство се
многубројни и битно влијаат на менталното здравје на оние кои се изложени
директно, но и на оние кои се набљудувачи на насилството. Најчести последици
се: ниско самопочитување, напнатост, депресивност, агресивност, обиди за самоубиство,
зависност, нестабилност во партнерските релации, како и намалено работно
функционирање и др.
---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!